Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги мина лекарските прегледи во Лајпциг, но договорот уште не е официјално потпишан од причина што јануарскиот преоден рок не е започнат.
Сепак се е готово, Елмас за 25 милиони евра ќе ја смени Серија А со Бундеслигата и ќе има можност во Лајпциг да покаже колку вреди и да напредува во својата кариера. Во моментот на трансферот, тој беше надвор од тимот на Наполи поради повреда и не конкурираше за настап на синоќешното дерби против Рома, како ни за дуелот со Монца на 29 декември.
Во овој момент не е познато кога Елмас ќе му се приклучи на својот нов тим и кога би можел да дебитира во Бундеслигата.
Лајпциг во моментов е на одмор, екипата на 2 јануари заминува на тренинг камп во Ла Манга, во Шпанија и тогаш нашиот фудбалер официјално ќе им се придружи на своите нови соиграчи. Што се однесува до дебито, тоа најверојатно ќе се случи на 13 јануари кога Лајпциг на Ред Бул арената ќе го пречека шестопласираниот Ајнтрахт.