Македонија ако сака место во баражот ќе мора да го победи Лихтенштајн за да остане во игра за таа позиција, зашто е на само два од Ерменија, а бод зад Романија во трката за втората позиција, ако веќе Германија исчекори кон првото место и директниот пласман на СП
Репрезентативниот напаѓач Милан Ристовски со свое видување во пресрет на натпреварите против Лихтенштајн и Германија од квалификациите за СП 2023.
„Секој натпревар е само по себе тежок. Мислам дека треба да го дадеме својот максимум за да оствариме добар резултат. Кога играте за репрезентација и ја претставувате државата притисокот секако постои, но секој фудбалер се носи со тоа и треба да го има. Лихтенштајн е еден од најважните натпревари и се подготвуваме за тоа “.