Репрезентативецот Бобан Николов се приклучи на подготовките на македонската А репрезентација во пресрет на натпреварите против Лихтенштајн и Германија од квалификациите за СП 2023.
„Ни треба дисциплина и агресија. Максимален пристап. Треба да пристапиме на натпреварот со Лихтенштајн како да играме против Германија. Ни треба целосен фокус. Поквалитетни сме од нив, но треба да го покажеме тоа на терен“ – започна Николов.
„Ни недостасува победа за поголема самодоверба во оваа репрезентација. Секој селектор си има свои идеи, ние добро го знаеме Благоја милевски, има свои стил на работа, секогаш оди до крај, имамвме добри три натпревари ни се надевам дека сега ќе ја крунисаме добрата игра со победа“ – додаде тој.