Премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендрјус, му порача на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, дека нема да настапи на Австралија опен доколку не биде вакциниран.
Викторија усвои закон со кој се бара сите вработени – вклучително и професионални спортисти, сите оние кои работат на некој начин да организираат и одржуваат професионални спортски настани а воедно и сите членови на тимовите на телевизиските радиодифузери да бидат вакцинирани.
Крајниот рок за примање на првата доза е 15 октомври, рокот за примање на втората доза е 26 ноември.
Премиерот Ендрјус рече дека ова важи и за Ѓоковиќ, кој освои 20 Грен слем титули во текот на својата кариера, од кои девет на Австралија опен, што ќе се одржи во втората половина на јануари следната година.
“Тие титули нема да сменат ништо. Единствениот услов што ќе гарантира учество е да се вакцинирате”, рече Ендрјус.