Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите тенисери во моментов, откако во финалето на Вимблдон славеше против Новак Ѓоковиќ.

Алкараз кажа дека е среќен поради триумфот во финалето на Вимблдон и имаше само пофални зборови за Србинот.

„Ми се оствари сонот. Прекрасно е да се освои овој турнир. Горд сум на себе и мојот тим. Морам да му честитам на Ѓоковиќ. Неверојатно е да се игра против него. Тој е и беше моја инспирација. Почнав да играм тенис поради него“, кажа Алкараз.