Колумбија се пласира во полуфиналето на Копа Америка. Селекцијата со најдолга серија без пораз во светот (27 натпревари без пораз) лесно ја совлада Панама и со победата од 5-0 (3-0) се најде меѓу четирите најдобри.
Фудбалерите на аргентинскиот стручњак Лоренцо доминираа против селекцијата на Томас Кристијансен и уште во првиот дел ги решија дилемите околу победникот. Џон Кордоба од Краснодар уште во осмата минута, на додавање на капитенот Хамес Родригез, ја донесе Колумбија во водство, а најдобриот колумбиски фудбалер седум минути подоцна од пенал зголеми на 2-0. Поранешниот ас на Реал и Баерн на магичен начин оствари уште една асистенција (петта на турнирот) кон Луис Диаз, а овој со лоб удар го совлада панамскиот голман Варгас (3-0). Во првиот дел Панама беше инфериорна, а единствената шанса ја имаше кога Родригез го погоди дирекот.
Противник на Колумбија во финалето ќе биде Уругвај.