Кристијано Роналдо со прекрасен гол направи пресврт и го остави Ал Наср во трката за титулата, после триумфот со 3-2 против Ал Шабаб во 28-то коло во првенството во Саудиска Арабија.
Ал Наср се најде во огромна негатива од 0-2 после 40 минути игра и сѐ изгледаше како да се предава во трката за титулата, откако Гуанка двапати погоди во мрежата за водство на Ал Шабав, прво во 25-та, па во 40-та минута. Така не мислеше Талиска кој на минута пред полувремето намали, а потоа во вториот дел се случи пресврт.
Прво Гареб во 51-та израмни, за Роналдо во 59-та со прекрасен гол го сврти резултатот и обезбеди победа со која Ал Наср останува три бода зад Ал Итихад на две кола до крајот, откако лидерот со 1-0 славеше вечерва против Ал Батин.