Покрај за фудбалерите, Саудиска Арабија станува интересна дестинација и за фудбалерките, а Македонија за првпат во историјата ќе има свој претставник во тамошниот женски фудбалски шампионат.
Нашата најдобра македонска фудбалерка Наташа Андонова ја заврши својата долга фудбалска ера во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во богатата земја од блискиот исток. Андонова и официјално ќе ги брани боите на екипата на Ал-Шабаб во Саудиска Арабија.
30-годишната Македонка денес ја имаше својата промоција во новиот клуб, кој Андонова ја претстави како големо засилување во тимот.
Андонова во својата богата кариера има настапувано за Турбине, Розенгард, ПСЖ и Барселона, а нејзин последен клуб беше Леванте, за кого играше од 2019 година. Во Македонија ги носеше дресовите на Борец Велес и Тиквешанка.