Еден од стрелците за вицешампионот на Саудиска Арабија беше португалскиот ветеран Кристијано Роналдо кој конечно погоди од слободен удар.
Голгетерот на Ал-Наср погоди против Ал-Фејха пред крајот на првиот дел. Гостинската екипа доби слободен удар на дваесетина метри, а Роналдо покажа дека не заборавил да постигнува голови од прекин од таа дистанца.
Тој ја затресе противничката мрежа за 2-0 во десеттата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а со постигнатиот гол стигна до бројката од 899 во кариерата, па сега му недостасува само еден до нов голем јубилеј.
Останатите три гола за Ал Наср ги постигнаа Талиска (два) и хрватскиот интернационалец Марцело Брозовиќ.