Америчкиот Интер Мајами предводен од Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба се подготвува за новата сезона, но на првите средби резултатите не се на посакуваното ниво.
Екипата од Флорида не постигна гол против Салвадор (0-0), а истото тоа му се повтори рано утрово во дуелот со Далас кој го загуби со 1-0.
Уште во раната фаза (3 минута) Фереира го отвори резултатот, потоа Интер Мајами беше подобар, создаде неколку шанси но не беа искористени. Меси воедно беше блиску да постигне гол од корнер, но голманот на Далас интервенираше во последен момент.