Винисиус Жуниор е вклучен во новата контроверзна ситуација која не беше прегледана официјално од ВАР, а главен виновник за тоа е човекот во „заштитената соба“, Ернандес Ернандес.
Бразилецот му удрил лакт во лице на Позо во 86-та минута при резултат 2:2 и оваа снимка ексклузивно ја објави шпански „Гол“, но неколку часа подоцна, во јавноста се појави и аудио снимката која предизвика голем револт во Шпанија.
Според правилата, достапни за јавноста треба да бидат само снимките во кои официјално се прегледува една ситуација од ВАР, а бидејќи случајот не е таков за ситуацијата со Винисиус и Позо, судиското тело во Шпанија сега отвори истрага и ќе го бара „кртот“ кој ја доставил снимката до новинарите.
Објавената комуникација е следна:
Ернандес Ернандес: Можен прекршок во напад, сакам да го видам ова….. Сакам да го видам одблиску…..
Ернандес Маесо: Според мене нема ништо, клинч од двајцата и играчот на Алмерија се жали за удар во лицето…
Ернандес Ернандес: Има движење со лактот, го удира малку во лицето. Завршува прегледот, продолжуваме во живо…….
Видеото од ударот на Винисиус погледнете го ТУКА