Преубавата бразилска одбојкарка Кеј Алвес важи за најзгодната девојка од овој спорт во светот, а реши да направи чекор напред во својот живот и во кариерата – да стане „Плејбој“ зајачица.
Сексипилната 23-годишна девојка поради атрактивниот изглед често пати е во фокусот на вниманието, а на стартот на оваа година започна кариера која отсекогаш ја сакала. Таа стана фотомодел и тоа во престижниот магазин „Плејбој“.
„Инстаграм“ профилот на Кеј Алвес има над 13,5 милиони следбеници и сигурно е дека по оваа соработка, кога ќе бидат објавени сите фотографии од фотосесијата со „Плејбој“, дополнително ќе порасне.
Првата фотографија која „Плејбој“ ја објави од Алвес е како таа е покриена со американското знаме.