Одбојкарската тема на денот е смената на селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Србија, Слободан Ковач, а на негово место според неофицијални информации треба да дојде Слободан Бошкан.
Својата прва реакција на ваквата одлука на Претседателството на Одбојкарскиот сојуз на Србија, Ковач ја имаше во разговор за порталот „Нова.рс“, каде не го крие разочарувањето од начинот на кој дознал дека повеќе не е селектор.
Имено, тој откри дека за се бил информиран од репрезентативниот блокер Марко Подрашчанин, кој оваа информација ја дознал од еден од порталите?!
„Мислам дека требаше да ме повикаат и да ми кажат. Не ми треба други да ми кажуваат. Ова го направи Подрашанин утрово, ми рече: „Извини, само што прочитав на порталот“ .
Искрено, мојата сим-картичка не работи најдобро, незнам дали е блокирана или не. Можеби не можеа директно да ме контактираат на телефон, но еве има милијарда луѓе кои ми се јавија досега. Ако сакаше некој да ме добие – можеше.
Разговаравме по Европското првенство .Јас бев првиот што рече дека мислам дека можевме повеќе и дека колку и да сакаме да го претставиме четвртото место како успех со цел да се заштитиме , сепак не е успех. Можевме подобро. Постојат многу оправдувања, но немам намера да се правдам.
Се трудев најдобро да си ја работам работата, нормално дека ми е криво, но јас работам таква работа што и ова е дел од бизнисот. Навистина немам ниту намера, ниту причина да се расправам со некого, или да се објаснувам. Таква е ситуацијата, командантот во Сојузот не е задоволен и крај на приказната. Се надевам дека некој друг ќе биде подобар и поуспешен“, објасни Ковач.
И навистина, човекот кој со „орлите“ пред две години го освои златото на ЕП, не заслужи на ваков начин да дознае за неговата смена .