Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ, ги соопшти имињата на играчите кои ќе бидат дел од Европското првенство што ќе се игра во Тампере, Финска. Сојот прв настап на големо натпреварување се очекува да го имаат Лука Костиќ и Филип Савовски.
Освен нив двајца тука се и стандардните македонски репрезентативци. Капитенот Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Васе Михаилов, Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков, Дарко Ангеловски и Филип Николовски.
Македонските одбојкари ќе играат во Финска во групата Ц, а наши противници ќе бидат Русија, Турција, Холандија, Шпанија и домаќинот Финска. Токму против Финците ќе стартуваме на 01.09 во 18:00 часот.