Македонската фудбалска репрезентација ја очекува три важни натпревари од квалификациите за Мундијалот во Катар наредната година. Новиот селектор Благоја Милевски кој го наследи Игор Ангеловски по настапот на Европското првенство, го објави списокот на повикани фудбалери за трите септемвриски дуели со Ерменија, Романија и Исланд.

Освен тројца дебитанти и еден повратник останатите се стандардните кои го износија товарот на последните натпревари. Дебитанти се Бојан Миовски, Никола Серафимов и Тодор Тодоровски. Повратник во националниот дрес е Адис Јаховиќ фудбалерот на турски Гезтепе.

На списокот ги нема тројцата напаѓачи кои најавија заминаа во пензија, капитенот Горан Пандев, Крсте Велковски и Иван Тричковски. Исто така отсутен ќе биде и Бобан Николов кој позитивен на ковид-19, а под знак прашалник е и Аријан Адеми поради недолечена повреда.

Голмани:
Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички)
Одбрана:
Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија)
Среден ред:
Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов * (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми * (Динамо Загреб, Хрватска)
Напад:
Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија)