Со нов успех продолжува сезонава нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, која на престижниот турнир во Визбаден успеа да се пласира во 1/2 финалето или меѓу четирите најдобри тенисерки. Нашата Лина денеска во четвртфиналето успеа да ја победи фаворитката Федерика Ди Сара од Италија. Лина го доби првиот сет со 6:1, во вториот водеше со 2-0 во гемови, за да потоа Италијанката поради повреда го предаде мечот.
Утре во полуфиналето Лина Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Клара Бурел (Франција) и Клара Игнатик (Романија).