Рафаел Надал го победи Каспер Руд за 22. Грен слем во кариерата и 14. Ролан Гарос и покрај тоа што самиот Надал изјави дека едната нога буквално му откажува, а колената му беа истрошени на 36 години во финалето на Ролан Гарос. Затоа на шпанскиот шампион му се восхитува цел свет, освен жестоките фанови на Новак Ѓоковиќ и српските таблоиди.
Така српски Курир напиша колкумна со наслов „Најголемиот измамник и лицемер во историјата на спортот“ и во неа се пишува:
„Иако со недели се пишуваше и зборуваше за неговата екстремно тешка повреда и неподносливите болки кои ги трпи, многуте терапии кои ги добива за да може да излезе на теренот, Надал леташе на теренот , победувајќи ги маратонските мечеви се до финалето.
Истиот тој Надал, кога Новак Ѓоковиќ заработи повреда на стомачниот мускул во третото коло на Австралија Опен, Шпанецот со своите изјави се обиде да ја сврти јавноста против Србинот. Новак се повреди, но не сакаше да се откаже.
“Тоа не е безбедно. Ако навистина имате физички проблеми, нема да победите. Но, кога навистина имаш повреда, тогаш е невозможно да го освоиш турнирот“, изјави Надал.
Со оваа изјава тој се погреба. Ако се уште стои зад своите зборови тогаш практично призна дека во Париз лажел дека повредата му е сериозна и дека сето тоа секојдневно кукање е дел од неговата психолошка игра. Па, господине Надал, одлучете што сте… Лажго или измамник?!“
Српски Ало носи текст со наслов „Срамот и срамот на Надал. Тој брутално го растури Ѓоковиќ, а сега „повреден“ ја слави титулата“, во кој пишува: „Надал по 22-ри пат го освои Ролан Гарос, што покажува дека е без конкуренција во Париз. но и дека е без конкуренција дури и кога станува збор за лицемерието.
Тој за време на турнирот упорно истакнуваше дека чувствува болка во стапалото, уште пред четвртфиналниот дуел против Новак Ѓоковиќ рече дека ова можеби ќе му биде последен меч во кариерата. Секако, ништо од тоа не се случи, против српскиот тенисер играше на највисоко ниво, кај него не можеше да се забележи никаков проблем иако мечот траеше повеќе од четири часа.