Екипите на Струга и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите во интересен натпревар од 8. коло од Супер машката лига откако одиграа нерешено, 30:30.
И двете екипи имаа свои моменти при што имаше и неколку пресврти, а во последните секунди од средбата и двете екипи имаа зицер ситуации кои не ги искористија за да дојдат до триумф, па мораа да се задоволат со по еден поен од овој дуел.
После 12:10 следуваше период на помирна игра и до крајот на првото полувреме немаше многу промени бидејќи остана разликата од два гола, а на одмор се замина со 17:15 во корист на Струга.
Вториот дел донесе подобро отворање од страна на Еурофарм Пелистер 2. Колку што беше добар стартот на средбата од Струга, толку беа добри почетните минути во вториот дел од битолчани. Набрзина на семафорот имаше целосно поинаква распореденост на силите. Тимот од Битола имаше 24:20, но разликата од четири гола не даваше смиреност бидејќи со 5:0 составот на Струга се избори за нов пресврт. Од 25:24 следуваше главно игра гол за гол и така беше до крајот.
Во последната минута екипата на Еурофарм Пелистер 2 имаше напад за победа, но голманот на Струга, Матовиќ одбрани. Потоа на спротивната страна врати и Ристевски така што остана 30:30 и бодовите беа поделени.
Струга:
Тутенкоски, Маркоски 1, Јанковски 1, Крстаноски, Савески, Пајкоски 1, Блажески 7, Ѓорѓиевски 1, Јанкуловски, Матовиќ, Барјактаревиќ 3, Дукоски, Кастратовиќ 8, Н. Цветаноски 4, Костоски 4, Нацев
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски 1, Ристевски, Ц. Кузманоски 9, Буторац, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 7, Андонов, Димитриоски 1, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 5, Белистојановски, Ѓукиќ 2, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути