Еурофарм Пелистер се враќа во трката за титулата откако направи „брејк“ во Скопје и го победи Вардар со 24-23 (12-11), па веројатно решавачки ќе биде дуелот во Битола што треба да се игра околу 1 мај. Сега лидер на табелата е Еурофарм Пелистер и има два бода предност во однос на „црвено-црните“. Но, до крај на плејофот останува да се играат уште осум кола. Сепак малку веројатно е дека некој тим некаде ќе киксне, па Битола ќе биде решавачка.
Иако гостите водеа со 24-20 во 56 минута, сепак имаше драма на крајот, откако Вардар намали на 24-23, и имаше напад за реми. Марко Кизиќ беше јунакот на голот кој одлично бранеше во второто полувреме, и го сопрем и последниот удар на вардарци за реми, на десетина секунди до крај на мечот.
Гостите одиграа одлично второ полувреме во кое полека, но сигурно ја преземаа иницијативата и водството, кое во 56 минута беше највисоки „плус 4“ (24-20). Еурофарм Пелистер имаше одличен почеток на второто полувреме и за 10 минути веќе имаше два гола предност, 17-15. На голот во меѓувреме застна Марко Кизиќ кој имаше неколку успешни интервенции овозможувајќи им на соиграчите полесно да играат во напад. Смена на голманот направи и Вардар, па откако меѓу стативите отиде Мартин Томовски и домашните имаа неколку успешно одбранети напади.
Гостите само неколку минуту подоцна направои уште еден чекор до победа, со голот на Божиќ Павлетиќ за водство 19-16, а веднаш потоа Марко Кизиќ со уште една одбрана донесе радост на клупата на битолчани и негова петта одбрана на средбата.
Давид Дејвис ја бараше седморката што може да се спротистави на Еурофарм Пелистер, но тешко одеше. Од почеток проба со Гаџа и со Њокас, па потоа шанса доби и Додиќ, а во второто полувреме во игра како плејмејкер влезе и Карапалевски. Тешко се пробиваше битолскиот ѕид.
И со играч помалку пелистерци даваа голови, а Марко Кизиќ му одбрани пенал на Дибиров при резултат 19-17. „Тројката„ се држеше како стандардна разлика, а на Вардар тешко му одеше враќањето во игра.
Вардар во составот ги немаше интернационалците Патрик Валчак, Кевин Њокас и Јан Чувара. Поради повреда во тимот на Еурофарм Пелистер го немаше Јосип Периќ.
Во првото полувреме Вардар само еднаш успеа да поведе со два гол апредност, но гостите веднаш возвратија. Ниту еден тим немаше предност со која можеше да се понадева дека го скршил отпорот на противникот. Се играше на контакт, на прекршок, на отсекување на пивотмените од бековите. А Еурофарм Пелистер имаше порасположени бекови за шутирање од 9-9 местри, па тоа го користеа Табоада, Мандалиниќ и Мараш.
Голот предност на полувреме на гостите, 11-10 им влеваше надеж и мотив дека можат да победат во Скопје или да освојат бод, што во голема мера ќе значи и неизвесност до крај на првенството, и нова борба пред домашна публика.
Во следното коло Вардар гостува во Битола, но кај вториот тим на Еурофарм Пелистер додека битолскиот тим е домаќин на Охрид.