Муслиу според официјалниот статистички партнер на УЕФА беше втор во полуфиналињата според перформансот, се најде во тмот на колото, па сега во рпесрет на битката со Кристијано Роналдо и Португалците, потенцира дека ваква шанса за пласман на Светско првенство се пружа еднаш во животот.
„Поминаа емоциите, Италија е историја и сега наш цел фокус е само на Португалија. Вакво нешто можеби еднаш во живот се пружа како шанса и тоа значи дека ќе мора да се потрудиме, да дадеме сѐ од себе и да се обидеме да напишеме нова историја. Секој меч е различен од претходниот, ние знаеме што нѐ чека, а тоа е многу тежок меч со огромен притисок и за нас и за нив, ама…“, вели Муслиу.
Дефанзивецот на германски Инглштад посочува дека без оглед што Португалија е фаворит, а фаборит беше и Италија, тоа ништо не значи, зашто Македонија веќе покажа дека со секого има шанси,
„На хартија Португалија е фаворит, знаеме за каков квалитет станува збор, ама и Италија имаше квалитет, европски прваци се… Тоа ништо не значи, дека ние немаме шанси со нив“, додава Муслиу