Ракометниот клуб Вардар денеска и официјално го промовира бразилскиот бек Леонардо Дутра Фереира за ново засилување на тимот, тој во македонскиот тим ќе пристигне по крајот на Светското првенство.
Како што и претходно најавивме, сега и официјално Фереира е нов ракометар на Вардар. Тој стави потпис на договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на најмалку уште една сезона. Се работи за бразилски репрезентативен играч кој настапува на позициите лев и среден бек.
26-годишниот Бразилец во Вардар пристигнува од екипата на Ла Риоха од Шпанија. Претходно има настапувано за Висла Плоцк од Полска и Куенка од Шпанија.
Фереира на новите соиграчи од Вардар ќе им се приклучи по завршувањето на Светското првенство кое се игра во јануари.