Македонија под водство на Љубомир Савевски ќе се спротивстави на Црна Гора на стартот на новиот ЕХФ Еврокуп. Дебито на селекторското место Савевски ќе го има денес во Скопје, додека вториот дуел ќе се одигра во Црна Гора в недела.
Елена Ѓорѓиевска една од најискусните вели дека постојат многу квалитетни и талентирани играчи, а нагласи дека тоа го покажаа и ова лето со освојувањето на ЕХФ шампионатот.
„Пред сè сакам да нагласам дека има навистина многу млади талентирани ракометарки, а баш ми е мило што успеаја да докажат дека имаат квалитет. Со самото злато од Литванија, покажаа дека има иднина во македонската репрезентација.
Периодот за подготовки е многу краток, не можам да очекувам премногу од селекцијата. Неколку од поискусните кои сме тука, ќе помогнеме на сите млади ракометарки да се вклопат во нашиот систем и да ни помогне и нам. Секоја поддршка е важна. Има многу новитети, нов селектор, нови правила и систем. Во наредниот дуел се надевам ќе покажеме барем карактер и со срце на терен, чекор по чекор да се склопат работите како што треба“, изјави Ѓорѓиевска.
Натпреварот ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот влезот е слободен.