Ракометарите на Исланд ја совладаа Франција со 29:21, во натпреварот од втората фаза на Европското првенство.
Франција беше апсолутен фаворит против Исланѓаните кои настапија без шест стандардни играчи поради позитивни тестови на корона, но претрпеа убедлив пораз.
Французите исто така беа делумно ослабени, но сепак очекуваа сигурна победа.
Исланѓаните ги „скршија“ од првата до последната минута и заслужено славеа.
На полувремето имаа седум гола предност, а големата предност ја одржуваа во текот на второто полувреме.
Исланд до победата го предводеа Магнусон со 10 и Кристијансон со девет гола.
Кај Французите се истакнаа Мин, Турна и Деска со по пет гола.
Франција во следното коло ќе игра против Црна Гора, додека Исланд ќе се сретне со Хрватска.