Тимот на Виљареал без поголеми проблеми попладнево стигна до нов домашен триумф во Примера, откако со 3:0 ја совлада Мајорка.
Со автоголот на Русо во 12. минута, како и Тригерос во 34. минута, Виљареал рано на овој меч покажа дека нема намера да губи бодови денеска. Триумфот беше потврден од страна на Дани Парехо во последните моменти од мечот со удар од белата точка.
Со овој триумф Виљареал е шести на табелата со 32. бода, додека пак Мајорка е пред самата зона за испаѓање со 20 поени.