Тиквеш од Кавадарци ќе се обиде да го сочува прволигашкиот статус во бараж натпреварот против Воска, второпласираниот тим од Втората лига Запад. Овој меч е закажан за в недела, 22 мај (17 часот), на Градскиот стадион во Прилеп.

ФК Скопје ќе го „брани“ настапот во Првата лига на бараж – пресметка против Беласица, второпласираниот тим од Втората лига Исток. Натпреварот ќе се игра на Градскиот стадион во Штип, исто така на 22 мај, со почеток во 17 часот.

БАРАЖИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРВАТА ЛИГА

ПРИЛЕП: ТИКВЕШ – ВОСКА

ШТИП: СКОПЈЕ – БЕЛАСИЦА