ЦСКА Москва следната сезона би можела да ги продолжи настапите во Евролигата во кошарка.
Како што е познато, руските тимови беа исфрлени од Евролигата по почетокот на војната меѓу Русија и Украина, па ЦСКА, Зенит и Уникс, заедно со Локомотив во Еврокупот не ја завршија сезоната.
Според „Еурохопс“, ЦСКА Москва би можела многу лесно да биде дел од елитното друштво следната сезона, а на акционерите и официјално им ги соопштиле намерите. Евролигата се обидела да и ја одземе А лиценцата на тимот на ЦСКА Москва, но тоа не било правно возможно, бидејќи клубот може сам да се откаже од лиценцата, но Евролигата не може да ја одземе.
Се очекува оваа недела во Белград за време на фајнал-фор турнирот, ЦСКА да одржи многу важен состанок со врвот на Евролигата, на кој има реални шанси клубот да се врати во Евролигата од октомври.
Постои дури и опција ЦСКА да ги игра домашните натпревари во Белград.