Барселона планира многу скоро и официјално да ги започне преговорите со Баерн (М) за трансфер на Роберт Левандовски.
Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот клуб сака да преговара за стекнување на правата на 33-годишниот напаѓач за 30 милиони евра. Во исто време, Барса може да ја зголеми сумата на 35 милиони, што е максималниот праг поставен од раководството на „блауграна“.
Левандовски е многу заинтересиран за преселба во Барселона и е подготвен да прифати и намалување на платата, само за да се пресели во Ла Лига. Во Баерн сега добива околу 22 милиони евра годишно. Доколку договори трансфер во Барса, Роберт ќе се согласи на намалување на платата и до 6 милиони евра.