Моментално најголемиот талент на Барселона, Ламине Јамал (16) и дефинитивно добива откупна клаузула од една милијарда евра, со која Каталонците во ек на големи турбуленции со процесот за корупција, го блиндираа својот суперталент со новиот договор до 2026 година.
Веќе подолго време Барса и Јамал преговараа за новиот договор, особено што во Каталонија во него гледаат, нова ѕвезда која долго време како Лионел Меси ќе го води гигантот покрај постарите Гави и Педри, кои претходно со новите договори добија исто така откупни клаузули од една милијарда евра.
Јамал официјално ќе биде промовиран со новиот договор во следните седум дена, а тој е најмладиот фудбалер кој дебитирал за петкратниот европски првак со 16 години и 38 дена, а против Грузија пред две недели стана најмлад стрелец и во историјата на шпанската репрезентација со гол и асистенција на натпреварот во Тбилиси.
Пред девет дена нов договор со откупна клаузула од една милијарда евра потпиша и Алехандро Балде, со важност до 2028 година.