Шпанскиот првак Барселон, се соочува со можност да биде исфрлена од Лигата на шампионите. Ова ќе стане факт доколку каталонскиот гигант официјално биде обвинет за уплатите на поранешниот претседател на техничкиот комитет на судиите, Хозе Марија Хенрикес Негреира.
Цела година се пишуваше околу оваа сага, но според „El Debate“, УЕФА сега би можела да ја повлече Барса од нивните натпреварувања.
Каталонците наводно платиле 7,5 милиони евра на компании во сопственост на Негреира од 2001 до 2018 година.
Каталонците исто така беа обвинети за „тековна корупција меѓу поединци во спортската сфера“ од локалното обвинителство на Барселона, што може да ја принуди УЕФА да започне сопствена истрага.