Актуелниот англиски првак Манчестер сити го доживеа вториот пораз во сезоната, и тоа овој пат со гол во 98. минута од Брентфорд, па така остана зад лидерот Арсенал во Премиерлигата.
Брентфорд покажа дека нема да биде лесен залак за „граѓаните“ уште на стартот и постигна гол за водство во 16. минута преку Тоуни, додека резултатската неизвесност ја врати Фоден пред паузата од првото полувреме.
Манчестер сити доминираше во вториот дел, но ниту Халанд, ниту неговите соиграчи не најдоа решение за гостите, кои во 98. минута преку Тоуни го шокираа домаќинот.
„Граѓаните“ остануваат на втората позиција во Премиерлигата со 32 бода, односно два помалку од лидерот Арсенал, но имаат одиграно и еден меч повеќе.