Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Давид Бабунски по заминувањето од Дебрецин потпиша договор со Мезекевешд.
Фудбалерот од средниот ред реши да остане во унгарскиот шампионат, каде лани за Дебрецин настапи на 24 натпревари во првенството и постигна еден гол, а запиша и два натпревари во Купот.
Бабунски кариерата ја започна во Барселона Б, потоа премина во Црвена Звезда. Играше и во Јапонија во тимот на Јокохама Маринос, но и во Омија Ардија. Се врати во Европа и играше во Романија за Ботошани и Виторул, пред минатото лето да се пресели во Унгарија.
Во тимот на Мезекевешд друштво ќе му прави уште еден македонски интернационалец Рамзифаик Селмани.