Бенјамин Шешко е 19-годишниот словенечки суперталент кој моментaлно е член на РБ Лајпциг, каде дојде од братскиот Ред Бул Салцбург, а интересно едно лудо видео му го овозможил трансферот и тоа не поради фудбалски мајстории на клипот.
Шешко, кој бил член на Домжале го испратил клипот кој го снимил на 14 годишна возраст, како со нога успева да извади заглавен баскет меѓу обрачот и кошот, а овој „кошаркарски“ клип практично му го овозможил трансферот. Потегот кој сега ја виде светлоста на денот ја објави Спортклуб Словенија.
„И ден денеска со спортскиот директор на Салцбург се шегуваме дека Бени е единствен фудбалер кој го имам продадено врз база на кошаркарски клип“, вели менаџерот на Шешко, Елвис Башановиќ.