Ливерпул ремизираше на гостувањето во Лондон кај Фулам (1-1) во вториот полуфинален меч од Лига купот, но се пласира во финалето од ова натпреварување поради победата на првиот дуел на „Енфилд“ (2-1).

Фаворитот брзо дојде до водство и тоа со голот на Дијаз во 11. минута, по што одигра рутинирано, без преголемо форсирање и го чуваше резулатот со цел да не се потрошат премногу сили потребни за продолжување од сезоната во Премиер лигата. Тоа домаќинот го искористи дури кон средината на второто полувреме, кога преку Диоп во 77. минута изедначи најавувајќи пеколен финиш бидејќи уште еден гол во мрежата на фаворитот ќе значеше и продолженија. Тоа, сепак, не се случи, па „црвените“ на крајот се израдуваа на шансата за освојување уште еден трофеј.

 

Ливерпул во битката за трофејот во Лига купот ќе ги одмери силите со тимот на Челси во меч што ќе се одигра на „Вембли“ во Лондон.