Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски ја продолжи одличната гол серија во дресот на шкотскиот Абердин.
Напаѓачот беше стрелец во шкотското првенство во пресметката со Сент Џонсон која заврши без победник 1-1. Бојан беше сигурен реализатор на најстрогата казна во 62 минута кога погоди за водство на Абердин, но домаќините во 79 минута го израмнија резултатот и се изборија за бод.
Миовски е стрелец во трет натпревар во низа за неговиот тим, а на последните пет средби (сите конкуренции) има дадено исто толку голови.
Ова е важен бод за Абердин во битката за пласман во првата шесторка што ќе ја продолжи борбата за титулата во Шкотска. Тимот на Миоски сега е на седмата позиција со 23 бода, два помалку од шестопласираниот Хиберниан, кој има дури два меча повеќе.