Речиси 73.000 фудбалски фанови го следеле во живо фудбалскиот натпревар од МЛС, на кој гостите направија пресврт токму со голот на Меси, а на крајот славеа со 2:3.
Томи донесе радост за домашните фанови во 6. минута, Гомез израмни дванаесет минути подоцна по фантастична асистенција на Меси, додека Аргентинецот го комплетираше пресвртот со „проектилот“ во 51. минута.
Домаќините повторно се вратија со гол на Томи, но тука беше Луис Суарез, кој со својот погодок во 71. минута ги постави конечните 2:3.
https://twitter.com/i/status/1779328390232739923
https://twitter.com/i/status/1779333478930104327
https://twitter.com/i/status/1779314292602384427