Вилјареал се спаси од пораз, освои бод на гостувањето кај Атлетик Билбао во 31. коло со гол во 95. минута од натпреварот.
Морено имаше голема шанса од белата точка во 11. минута, но не беше прецизен, а казната стигна дури во 67. минута кога Атлетик Билбао погоди за 1-0.
„Жолтата подморница“ бараше гол во продолжение од дуелот, а спасител на гостите беше Парехо од пенал во финишот од средбата.
Атлетик Билбао има 57 бодови на петтата позиција во Ла Лига, додека Вилјареал е на деветто место со 39 бода.