Италијанскиот гигант Интер беше на добар пат да ги освои трите бодови против Калјари, но на крај мораше да се задоволи само со реми (2-2) во 32. коло од Серија А.
Турам беше човекот кој прв им донесе водство на „нераѕурите“, но Шомуродов ги врати гостите во игра со голот во 65. минута.
Чаханоглу набрзо беше стрелец за 2-1 за Интер, но Виола во финишот од средбата погоди за конечни 2-2.
Интер е прв во Серија А со 83 бодови, односно 14 бода повеќе од Милан на шест кола пред крајот.