Грузија по две кола има максимални шест бода со џиновска гол-разлика 9-2, а во минатото издание двапати игравме во групата и двапати ремизиравме идентично 1-1, по што следеше финалето во баражот кое го реши Гоан Пандев за историски прв пласман на Македонија на големите турнири.
„Оваа победа во Бугарија е уште поголема мотивација за нас. Јас сум среќен што на тимот му помагам, без оглед дали е со гол или со асистенција. Не е битно тоа, најважни се победите. И сега доаѓаме во Македонија по одмазда. Македонија ни е голем должник, нешто големо испуштивме со нив и сега сакаме тоа да го вратиме. Ќе сториме сѐ за грузиските навивачи да бидат задоволни, да напредуваме. Не криеме, целта ни е дефинитивно да играме на Европското првенство“, вели Кваратсхелиа.
Првата ѕвезда на Грузијците против Гибралтар на стартот имаше гол и асистенција и го реши победникот во првите пола час (4-0 на крајот), а вчера со Бугарија двапати асистираше и даде еден гол од пенал во тирумфот со 5-2.
Дуелот на Македонија и Грузија на Националната Арена „Тодор Проески“ се игра во четврток од 20.45 часот. Грузија по две кола е прва со шест бода, Македонија има четири, Бугарија само еден, а Гибралтар е без бодови.