Францускиот шампион ПСЖ направи предност од осум бода во однос на најблискиот следбеник откак како гостин го победи Ленс со 2-0.

 

 

„Светците“ ги искористија сите подароци од домаќинот кој во шестата минута промаши пенал преку Франковски, а во финишот од првото полувреме остана со фудбалер помалку, исклучен беше Гради. Во меѓувреме Баркола по еден брз контранапад го отвори резултатот, а пред истекот на основните 90 минути, Мбапе ги постави конечните 2-0.