Саудискиот клуб Ал-Хилал е првиот финалист на Светското клупско првенство кое се одржува во Мароко. Во полуфиналето го изненади бразилскиот Фламенго со 3-2. Бразилците едно полувреме беа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Жерсон, а Ал-Хилал тоа го искористи.
Третпат во финале ќе игра азиска екипа, после јапонска Кашима Антлерс во 2016 и Ал Аин од ОАЕ во 2018 година. Досега двапати африканци играле финале, конгоански Мазембе во 2010 и мароканска Раја Казабланка во 2013, а еднаш и УНАЛ Тигрес од Мексико, претставник на Северна и Средна Америка во 2020 година.
Салам Ал Давсари, саудискиот репрезентативец кој на Мундијалот во Катар го урна идниот светски првак Аргентина во сензационалната победа на С. Арабија на стартот со 2-1, вечерва беше играч на мечот со два гола и асистенција во триумфот. Ал Давсари даде два гола од пенал во четвртата и 45+9-та минута, една минута откако Жерсон направи пенал и беше исклучен за два жолти картони. Ал Давсари во 70-та му асистираше на Лукас Вието за да ја завери победата.
Најдобриот играч на Фламенго, Педро даде два гола, во 20-та за израмнување и во 90+1-та минута но веќе беше касно за великанот од Рио де Жанеиро и јужноамерикански првак.
Ал Хилал во изминатите три изданија на клупскиот Мундијал, два пати беше четврти.