Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од 2-1 против Чешка во вториот пријателски натпревар од овој мини циклус, што се одигра во Храдец Кралове. Сепак, и двата гола за Чесите беа постигнати од пенал, а вториот буквално во последните мигови од натпреварот, по еден „сомнителен“ прекршок што го направи Дарко Велковски во 97.минута.

Антонин Барак го реализираше во 99.минута и обезбеди победа за Чешка, непосредно пред заминувањето на Европското првенство во Германија.

 

Чешка исто така поведе од пенал во 60.минута од мечот. Реализатор беше Патрик Шик.

https://twitter.com/i/status/1800216487929709003

Македонија успеа да израмни само пет минути подоцна со голот на Исник Алими. Трајковски го погоди дирекот, а на одбиената топка налета Алими и со удар со глава ја затресе мрежата на домаќинот.

https://twitter.com/i/status/1800217588494192792

Македонските фудбалери одиграа многу подобар натпревар против Чешка, па и покрај поразот од 2-1, кој дојде и малку „на сила“, значително го подобрија впечатокот во однос на првиот меч против Хрватска во Ријека.