Ѕвездата на Барса е неизвесна за стартот на турнирот и не е познато дали ќе може да игра, но Холанѓаните изгледаат разиграно во подготовките за турнирот во Германија, бидејќи на втор меч во низа постигнаа четири гола.
По победата од 4:0 над Канада, Холандија денеска со ист резултат славеше на „Де Кујп“ и против Исланд, па од Ротердам експседицијата на Роналд Куман полека ќе се сели кон Германија.
Стрелци на головите беа Симонс, Ван Дајк, Мален и Вегхорст, а од вечерните натпревари, победа оствари и Полска со резултат 2:1.
Полјаците на домашен терен беа подобри од Турција, но главоболките за селекторот се многу големи, бидејќи Роберт Левандовски се пожали на повреда и не го доигра мечот.
За да биде уште полошо, претходно на овој меч се повреди и другиот напаѓач Свидерски, па во овој момент единствен центарфор кој е сосема здрав е Пјонтек.