Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави списокот со повикани кошаркари за настап на Олимписките игри во Париз. На списокот од 16-мина кошаркари се најде и Никола Јокиќ, па Србите веќе може да го очекуваат дуелот против американскиот дрим-тим.
Србија на турнирот во Париз е во група со САД, Јужен Судан и еден квалификант.