Кошаркарите на Монако го совладаа Олимпијакос во четвртиот натпревар од плејофот во Евролигата.
Замислете да играте натпревар во кој не смеете да загубите, пред вашата публика, а специјален гостин ви е НБА ѕвездата Кевин Дурант.
Така се чувствуваа избраниците на Саша Обрадовиќ вечерва во триумфот над Олимпијакос во четвртиот натпревар, што значи дека не чека мајсторка во Атина.
Првото полувреме беше многу тесно и тензично, а Мајк Џејмс некако беше најрасположен за кошарка и во неколку наврати го воодушеви својот пријател Дурент.
По првата делница резултатот беше нерешен 19:19, а потоа Олимпијакос дојде до блага предност до полувремето и водеше со 42:38, а во третата четвртина ситуацијата се промени.
Вил Томас и Двејн Бејкон ја анулираа предноста и двоцифреното водство на Олимпијакос на крилата на Фол и Везенков, па во последната четвртина влегоа со 65:61, а потоа Томас врза 5 поени за 70:61, по што следеше благ пад.
Олимпијакос постигна две брзи тројки, па Папаниколау и Везенков уште 4 поени и направија пресврт аа 72:74, но Монако не сакаше да се предаде.
Џејмс промаши неколку удари, но тука беше Двејн Бејкон во возбудливиот финиш во кој не можеше да седне ниту Кевин Дурент, кој скокна по кошот за 78:77.
Во последните 30 секунди немаше кошеви, па Монако го совлада Олимпијакос и го доби петтиот меч.
Бејкон беше најефикасен со 21 поен, Џејмс постигна 18, Томас 16, а Хол постигна 14 со 10 скока кај Монако.
Во редовите на Олимпијакос 19 поени постигнаСлукас, 17 Везенков, 13 Папаниколау, и 11 Фол .