Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со тимот на Шериф Тираспол ја освои шампионската титула во Молдавија. Овој клуб го одбрани шампионскиот трофеј и стигна до 20. титула првак на Молдавија.

Шериф сега има недостижни 66 бода на врвот на табелата, 11 повеќе од второпласираниот Петрокуб кој ни е познат од дуелите со Силекс минатото лето.

Николов и Шериф ќе се борат и за двојна круна, со оглед дека ќе играат во финалето на Купот на Молдавија на 21 мај.