Францускиот великан ПСЖ ремизираше 3-3 на гостувањето кај Стразбур во рамки на 35.коло во Лига 1. иако имаше скоро сигурна победа.
Ветеранот Кевин Гамеиро и поранешен фудбалер на ПСЖ им донесе водство на домашните во 3.минута од 1-0. Килијан Мбапе израмни на 1-1 во 23.минута, а во 64-тата му асистираше на Ашраф Хакими за целосен пресврт. Мбапе само четири минути подоцна по втор пат се запиша во листата на стрелците за 1-3.
Иако се чинеше дека новиот шампион ги обезбеди бодовите, домашните се изборија за бод со головите на Дијало (75′) и Цаци (92′).