Кадиз освои многу важен бод во битката за опстанок во Ла Лига играјќи 1-1 на гости кај Севилја. Иако тимот од Андалузија беше голем фаворит, сепак, гостите не се предадоа.
Јусеф Ен Несири во седмата минута донесе водство за Севилја, но Лукас Перез во 66.минута успеа да израмни.
Севилја е на втората позиција со 64 бода, додека Кадиз со 32 бода е веднаш над зоната за испаѓање.