Феенорд се пласира во четвртфинале од холандскиот Куп откако по многу драма, дури по подобро изведување на пенали, го елиминира тимот на НЕЦ Нијмеген. Гостите водеа со 2:0 до 90-тата минута, но тогаш Феенорд постигна два гола и израмни на 2:2, по што следуваа дополнителни 30 минути игра.
Во продолжението, гостите пак поведоа со 3:2, но Феенорд со голови во 98-мата и 116-тата минута стигнаа до 4:3. Драмата продолжи со погодок на НЕК во 118-тата минута за 4:4, по што следуваа пенали, во кои Феенорд победи со 5:3.
Тоа што посебно го одбележа овој меч е неверојатната офанзива на домаќините. За 120 минути активна игра, фудбалерите на Феенорд создадоа дури 171 опасен напад, во кои упатија неверојатни 50 шута кон противничкиот гол.
Од овие 50 удари, дури 27 беа во рамките на голот, а чуварот на мрежата на НЕК успеа да одбрани дури 23 шута, но и неговите фантастични одбрани на крајот не беа доволни за гостите да се радуваат.
Интересно е дека и гостите имаа 13 шута, од кои шест беа во рамките на противничкиот гол, што значи дека за 120 минути игра, на оваа средба биле упатени вкупно 63 шута кон двата гола, од кои дури 33 оделе во рамките.