Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски после еден меч пауза повторно ги намести нишанските апарати, па даде денеска два гола за Абердин во убедливата победа со 5-0 против Ливингстон, со што дојде до пет гола во петте досегашни кола и е прв стрелец во шкотскиот Премиершип.
Миовски одигра нов извонреден меч уште еднаш потврдувајќи дека му лежи новиот клуб и шкотското првенство, па од пенал во 41-та минута ја најави убедливата победа, а во 63-та погоди вторпат за четвртиот гол на мечот за Абердин.
Ова е втор меч сезонава за Миовски на кој дава два гола во Шкотска, откако на Сент Мирен му даде два во убедливата победа со 4-1.
Со оваа победа Абердин дојде до девет бода и е третопласиран, со исто бодовно салдо како и Мадервил и Сент Мирен.