Астон Вила го победи Евертон со 1-0 на гости во 23. коло од Премиер лигата со голот на Емилијано Буенди во првото полувреме. Лукас Диње убаво нафрли од корнер, а Буендија со глава доведе во водство и за прва победа на Вила по четири натпревари.

Откако постигна гол, Буендија тргна да ги прегрне Диње и другите соиграчи, но набрзо двајца од нив паднаа на теренот. Имено, додека тој го прославуваше голот, полно шише сок долета во главата на Диње и се одби од неговата глава во лицето на Мети Кеш. Двајцата се свиткаа на тревникот, но за среќа можеа да го продолжат натпреварот.

Евертон по натпреварот објави дека лицето кое го фрлило шишето е уапсено по проверка на безбедносната камера и дека санкциите ќе бидат објавени подоцна. Диње, кој го удри шишето, во Вила во овој преоден рок пристигна токму од Евертон.

https://twitter.com/DosageSport/status/1484880281903546377?s=20